More

    Песков посочува дека земјата ќе најде нови пазари за златото

    spot_img

    Забраната на увоз на злато од земјите-членки на Г-7 за Русија е незаконска, но Москва најави дека ќе побара други пазари за да ги заобиколи санкциите.

    – Пазарот на благородни метали е глобален. Тој е доста голем, обемен и исклучително разновиден – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    Тој додаде дека „ако пазарот ја изгуби својата привлечност како резултат на недозволиви одлуки, ќе има пренасочување каде што има поголема побарувачка за одреден артикл“.

    Велика Британија, САД, Канада и Јапонија на Самитот на Г-7, што се одржува во Германија, одлучија да забранат увоз на руско злато. Забраната за увоз на злато од Русија е дел од новиот пакет санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина.

    Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вчера беше внимателен во разговорите за забрана на увоз на руско злато.

    – Што се однесува до златото, ние сме подготвени да разговараме за деталите и да утврдиме дали е можно да се насочи златото за да и наштетиме на руската економија и да не се повредиме себеси, посочи Мишел.

    Втор најголем приход за Москва е од извозот на злато, Русија годишно произведува од 350 до 380 тони злато.

    По забраната за увоз на руско злато, денеска се зголеми цената на благородниот метал на светските берзи. На физичкиот пазар цената на златото порасна за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се тргуваше по 0,5 отсто повисока цена односно 1.840,40 долари за унца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img