Одлуката на бугарските власти да не дозволат прелет на авион со официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова кон Северна Македонија „не се вклопува во ниедна рамка“ и тоа е „апсурден и глупав став“.
Тоа денеска го изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.
– Таквиот став на бугарските власти тешко може да се објасни со нешто – ова е првата работа. Второ, тоа, се разбира, не се вклопува во ниедна рамка. Трето, тоа е апсолутно апсурдно и, дури може да се каже, глупаво – рече претставникот на Кремљ.
– Апелирам до бугарското раководство и ги повикувам да се обидат со сите сили да задржат присебност во одлуките што ги носат – заклучи тој.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна рано утрово во Скопје за да учествува на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Авионот летал над Турција и Грција, иако претходно се очекуваше рутата да минува низ Бугарија. Бугарската страна одбила да дозволи авионот на рускиот министер да прелета доколку во него е портпаролката на руското МНР.
Захарова на Телеграм објави дека одлуката „…Не е само за глупост, туку опасната глупост на некој интригант во структурите на моќ во Бугарија“.
Засега нема коментар од бугарските власти за нивниот потег.