More

    Песков му ја толкува на Зеленски изјавата на рускиот претседател

    spot_img

    Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за почеток на мировни преговори со Украина не е ултиматум, туку мировна иницијатива, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските медиуми.

    – Ова секако е недоразбирање, јасно е дека ова е мировна иницијатива – рече тој откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече предлогот на Путин „ултиматум“.

    Песков изјави дека иницијативата на Путин зборува за натамошна дискусија за безбедносните гаранции и дека тоа е „сеопфатен, многу длабок и конструктивен предлог“.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека условите што ги постави рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната се „ултиматум“ на кој не може да му се верува.

    Путин претходно денеска изјави дека Русија ќе влезе во мировни преговори доколку Украина ги повлече своите трупи од целата територија на новите руски региони и се откаже од намерата да се приклучи на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img