Кој ги гранатираше петте населени места во про-рускиот регион Донбас вчера во доцните часови? Додека Киев ја обвинува Москва, првиот човек на Кремљ, Дмитриј Песков го обвини НАТО за вршење „нескриена информативна агресија против Русија“ и за нова ескалација на конфликтот. Според него, гранатирањето „е предмет на многу, многу длабока загриженост“.
– Многу пати предупредувавме дека прекумерната концентрација на вооружените сили на Украина, до линијата на контакт, заедно со можноста за провокации, може да биде многу опасна. И сега гледаме дека овие провокации се случуваат – изјави Песков.
Сликите од градинка која беше разурната во нападите прошетаа по светот. Според Луганската народна милиција украинските сили фрлиле 162 гранати врз побунетите региони. Но, ова го демантираше украинското МНР. Неговиот прв човек, Дмитро Кулеба побара меѓународно да биде осудена акцијата во селото Станица, која според Украина е организирана од Русија.
Тој на Твитер објави дека при гранатирањето, кое е нарушување на Договорите од Минск, оштетена е цивилна инфраструктура.
Ова е спротивно на приказните од руските медиуми. Според дописникот на Индепендент во Москва, при гранатирањето на детска градинка во регионот на Донбас, повредени се три лица. Меѓу нив нема деца.