Има надеж и за нас, бидејќи после апелот да се отсранат пловните објекти од плажата во Пештани за да добиеме голема и модерна централна плажа, скоро сите жители кои имаа пловни објекти ги дислоцираа од плажата, објавија жители на Пештани на Фејсбук.
Тие го повикуваат охридскиот градоначалник Кирил Пецаков брзо и ефективно да дејствува за Пештани конечно да добие нов лик.
„На потег се Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и Ј.П. ,Охридски комуналец брзо и ефективно да реагираат за конечно Пештани да добие еден нов лик. Обединети и сложни можеме да направиме многу повеќе за ова туристичко место, без разлика на негодувањата на поединци кои го гледаат само личниот интерес“, напиша извесен Крсте Лекоски.