Перуанската полиција трага по црногорски државјанин поради шверц на 114 килограми кокаин во Европа, објави порталот РТЦГ.
Во акцијата на полицијата и обвинителството, која спречи шверц и запленета дрога, уапсени се тројца перуански државјани, додека за пратката кокаин е идентификуван црногорски државјанин. Неговиот идентитет се уште не е соопштен.
Како што објави рп.пе, истрага за три уапсени лица се води за сторено кривично дело неовластена трговија со дрога.
Канцеларијата на обвинителството специјализирано за кривични дела неовластена трговија со дрога во градот Калао заплени 114 килограми кокаин, кој бил скриен во камион. Дрогата потоа со брод требало да биде испратена во Европа, пренесува порталот.
Се наведува дека Сантијаго Хименез Веласкез, Хуан Реина Санчез и Сегундо Сангама Флорес се уапсени и ќе останат во притвор до 15 дена.
Во акцијата биле одземени три возила – меѓу кои и камион со дрога, како и 3.200 долари и 1.200 евра.
Како одговорен е идентификуван и странски државјанин од Црна Гора“, се вели во текстот.