More

    Перчо Божиновски избран за претседател на Советoт на Општина Охрид, Здравевски нов член на советот

    spot_img

    „Огромна е честа, но и признанието, како и одговорноста која денес ми е дадена од советниците во Советот на Општина Охрид и поддршка која е доверена за мене како претседател на Советот. Обврска која пред се ја гледам водена од принципите на законитост, работа, чесност, праведност и носење на сите оние одлуки кои се во интерес на Охриѓани и кои се за подобрување на животот на самите граѓани во градот. Носење на оние одлуки кои ќе се раководат според Законот за локална самоуправа и останатите закони, почитувајќи го уставниот поредок на Р. Македонија, но водејќи се од интересите, пред се како избрани советници добивајќи го четиригодишниот мандат, и оние проекти, барања и ветувања кои ги имавме пред Охриѓани до крајот на овој мандат да ги завршиме, а со тоа да го исполниме ветувањето кое сме го дале пред изборите„, истакна Божиновски.

    Функцијата претседател на Советот, Божиновски, ќе ја извршува во наредните година дена, односно до следните локлани избори.

    За член на Советот беше избран Александар Здравевски, како следен на листата на советици од ВМРО ДПМНЕ по изборите одржани пред три години.

    Мандатот на Здравевски му беше верификуван на денешната седница по што ја прочита свечената изјава со која се обврза на почитување на правата и должностите како советник и дека истите ќе ги извршува согласно Уставот и законите.

    На денешната седница беше изгласан и престанокот на мандатот на Сашо Донев, како член на Советот, поради неспоивост со функцијата пратеник во Собрание.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img