Џон Кирби, првиот човек на Пентагон вчера соопшти дека Украина би можела да победи во војната против Русија, иако американските власти зборуваат за ризик од продолжен конфликт, пренесува Ројтерс.
– Се разбира дека тие можат да го добијат ова – рече Кирби на брифингот со новинарите.
– Доказот е буквално во исходите што ги гледате секојдневно… апсолутно, тие можат да победат – додаде тој.
Според Кирби, рускиот лидер Владимир Путин „постигна нула од своите стратешки цели“ и „навистина ја презема контролата само врз мал број населени центри“.