Пентагон најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, кој меѓу другото ќе вклучува и касетна муниција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пентагон денеска најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, кој меѓу другото ќе вклучува и касетна муниција. Белата куќа одржа прес-конференција за испраќањето касетна муниција во Украина пред соопштението на Пентагон.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека Русија користи такво оружје од почетокот на војната.

– Русија користи касетна муниција од почетокот на оваа војна. Украина бара касетни бомби за да се одбрани од руската агресија. Во основа, ние сфаќаме дека таквото оружје е ризик, но тоа важи и ако Русите заземат поголема територија – тој рече.

– Постои голема разлика помеѓу типот на касетна муниција што ја користи Русија и видот што САД би го испратиле во Украина. Русија веќе расфрлила десетици милиони од ова оружје на украинска територија. Мораме да се запрашаме – Дали украинската употреба на касетната муниција во истата област претставува дополнителна закана за цивилите, со оглед на тоа дека таа територија сепак ќе мора да биде деминирана –  рече тој.

Саливан додаде дека американскиот претседател Џо Бајден го одобрил испраќањето на оружјето во Украина по едногласна препорака од неговиот тим за национална безбедност.

– Тоа беше тешка одлука – рече Саливан.

Касетната бомба е оружје што се распрскува во воздух и испушта повеќе помали „бомби“ на широк простор. Тие можат да се користат во форма на воздушна бомба, артилериска ракета или боева глава за крстаречка ракета. Бомбите се дизајнирани да се активираат при удар со земја и многу е веројатно некој во областа да биде убиен или сериозно повреден.

Share This Article