Пенов нема амбиции, Зајкова е единствен кандидат за лидер на ЛДП

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов соопшти дека за десетина дена ќе се одржи Конгресот на партијата на кој се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат.

– Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога сме ја правеле инфраструктурата на партијатар – рече Пенов во емисијата „Само интервју” на Канал 5.

За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој даде оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека тој бил против францускиот предлог и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата.

– Ако си против француски предлог, а Владата го усвојува, тогаш каде ти е местото? Неговиот став не помина низ органи. Пратениците гласаат „за”, се определија за Европа, за чекор понатаму – рече Пенов.

На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори дека „во постапка е”.

– Предложен е, во некоја постапка е – рече Пенов.

Share This Article