Пендаровски вели дека амбасадорката со месеци ги критикува судовите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска изјави оти претпоставува дека писмото на американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер од 11 април до судските и извршните органи е во фонот на она што амбасадорката го говори веќе неколку месеци наназад. Тој лично, како што рече, такво писмо не добил и затоа не може да говори во детали.

-Во однос на писмото, кое се спомена во медиумите и кое Американската амбасада и амбасадорката го има пратено до нашите институции, можам да коментирам само врз основа на медиумските написи кои сум ги видел. Претпоставувам дека станува збор за опис на состојбите и критиките на состојбите во делот на правосудството, во фонот на она што американската амбасадорка го зборува неколку месеци назад. Меѓутоа, не можам да зборувам во детали, затоа што такво писмо до мене не е доставено – рече Пендаровски денеска одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу.

Share This Article