More

    Пендаровски најави конкретна помош за Турција

    spot_img

    Северна Македонија нема да остане само на зборови, туку ќе испрати конкретна помош во Туркије, најави денеска претседателот Стево Пендаровски во врска со земјотресот што ја зафати оваа земја и во кој има голем број загинати и повредени.

    Како што рече Пендаровски по денешната средба со својата унгарска колешка Каталин Новак, во Туркије се случил уште еден земјотрес.

    – Изразивме сочувство за земјотресот во Туркије. Добивме информација дека има и втор земјотрес, многу жртви и ужасна деструкција. Сакам уште еднаш да испратам сочувство до сите погодени и да објавам дека македонската Влада и ние како држава нема да останеме само на зборови, туку ќе пружиме конкретна помош. Годинава треба да одбележиме шест децении од катастрофалниот скопски земјотрес и многу добро знаеме како е кога некои народи и држави се наоѓаат во слична ситација. Нашите мисли се со турскиот народ и турските граѓани, пред сè со оние што ги изгубија своите најблиски – рече Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img