Пендаровски меѓу чеканот (ДУИ) и наковалната (Македонците) за „Бехтел и Енка“

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Пендаровски се наоѓа меѓу чеканот (ДУИ) и наковалната (Македонците) за скандалот со законите за Бехтел и Енка, пишува Експрес.мк.

Пендаровски предходно најави дека постои простор за негова блокада на неуставните закони за коридорите 8 и 10 Д особено законот за 60 часа работна недела согласно владиниот договор со Бехтел и Енка но сега тој е под притисок да ги потпише законите дури и против негова воља ако сака да биде кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ.

Извори во ДУИ тврдат дека Пендаровски може да збори што сака но ако сака повторно да биде кандидат на ДУИ за претседател ќе мора да ги потпише веднаш законите за „стратешкиот проект на ДУИ со кој Македонија се поврзува со светот но и Албанците се поврзуваат во регионот“.

– Доколку Пендаровски ги потпише законите за Бехтел и Енка има голема шанса да биде поддржан од ДУИ за кандидат за претседател уште во првиот круг, во спротивно ќе бараме друг кандидат Македонец кој ќе биде поддржан за кандидат за шеф на државата. А таков има најмалку еден засега – велат извори во ДУИ според кои овој проект не може да биде запрен од никого.

Од друга страна Пендаровски се соочува со огромниот број на Македонци кои се против договорот со „Бехтел и Енка“ со што ако тој ги потпише законите под притисок од ДУИ нема никаква, ниту теоретска шанса да победи во трката за претседател.

Според анкетите дури и во најдоброто сценарио Пендровски да не стави вето на законите за „Бехтел и Енка“, а да добие поддршка од СДСМ и ДУИ тој нема никакви реални шанси за победа но би влегол во вториот круг од изборната трка.

– Додека не ја видам конечната верзија на законите не можам да размислувам за вето. Овие осум закони, дел од нив во некои одредби се спорни – изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во интревју за Сител прашан дали ќе стави вето на предло-измените на осумте закони поврзани со изградбата на автопатиштата долж коридорите 8 и 10д.

Според Пендаровски негативните искуства на „Бехтел“ поврзани со криминал се поради локални авторитети кои се податливи за тој тип на „муабет“.

На почетокот на април за Пендаровски, најспорно беше барањето во измените на Законот за работни односи за шеесетчасовна работна недела.

- Advertisement -
Ad image

– Ова е најспорно и мене ме зачудува зошто таква одредба е ставена. Може нема да издржи до крај, меѓутоа видовме вчера и затоа немаме потврда дали договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“ е навистина потпишан со тие клаузули „ако не се овозможи шеесетчасовна недела во тој и тој рок“ дека ќе има пенали кои се милионски во евра. Ме чуди затоа што Уставниот суд има донесено одлука пред неколку месеци во која вели дека „работна недела подолга од 40“, по исклучоци може само осум часа да работиш, е неуставна. И сега тоа да го ставиш повторно во закон за кој знаеш дека е сигурно неуставен односно одредбата е неуставна и за тоа ако не го исполниш да платиш педесетина милиони евра, тоа е прилично неодговорно – рече тогаш претседателот.

Ако тоа остане во конечната верзија, според него, би ни се случило истото што ни се случи со договорот за ОКТА пред дваесетина години кога државата се обврза да купува 500 илјади тони мазут, па поради неисполнување на обврските, Хеленик Петролеум тужеше и доби пред Арбитражниот суд.

– Невозможно е да определите нешто надвор од Устав. И покрај филибастерингот кој гледам дека се случува од страна на некои опозициски партии, постои и друг начин со аргументи да се убедиме дека тоа треба да се повлече како одредба – вели Пендаровски.

- Advertisement -
Ad image

Според Пендаровски, спорна е и одредбата од измените на Законот за експропријација со којашто се прави обид да се поништи двостепеноста што е уставно загарантирана категорија. И тука, вели тој, доколку граѓанин добие во втор степен спор за експропријација на имот, пеналите треба да ги плати државата.

– Такви одредби има и предлагам сите пратеници, особено оние кои го предлагаат, добро да ги погледаат – апелираше шефот на државата.

Пендаровски вели дека „Бехтел“ е компанија стара 125 години и меѓу најголемите 100 градежни компании во светот, а дека неколкуте негативни искуства што ги имала оваа компанија во земјите од регионот, од Романија до Црна Гора се исклучоци од правилото.

– Зошто се случуваат овие исклучоци каде што има злоупотреби и криминал? Само ако наидеш на локални авторитети кој се податливи за тој тип на „муабет“ – вели Пендаровски.

На прашањето дали се сомнева во нашите локални авторитети, претседателот вели „засега не“, меѓутоа сака понатаму процесот да биде кристално чист, прозрачен и транспарентен.

За делот предвиден за надзорот на изградбата, Пендаровски вели дека 90 отсто од компаниите се со беспрекорно портфолио, но оти за две има јавни сомнежи.

– Едната од нив според јавно достапните документи нема никакво искуство во таа област, а другата е формирана, ако не се лажам, пет дена пред или пет дена по објавувањето на тендерот. Значи нема искуство во таа област. Мене ми се чини дека за луѓето во Бехтел, за американската Амбасада, па и за САД како држава кои застанаа зад овој проект од почетокот, од Меморандумот за разбирање што се потпиша пред пет-шест месеци до денес, до отворањето на градежните работи и за нив е битна репутацијата на една од најбитните фирми – рече Пендаровски.

Share This Article