Претседателот на државата Стево Пендаровски и неговото семејство денеска на пункт на Црвениот крст донираа производи за помош на населението во Туркије и во Сирија погодено од катастрофалниот земјотрес.
„Денеска дониравме храна, средства за хигиена и облека за настраданите лица од земјотресите во Туркије и во Сирија. Во овие тешки денови, хуманоста и солидарноста што ја покажаа нашите граѓани е за секоја почит“, напиша Пендаровски на неговиот фејсбук-профил.
Во својата објава претседателот го напиша и телефонскиот број 143 400 на кој македонските граѓани може да донираат 100 денари за промош на настраданите.