Претседателот Стево Пендаровски објави фотографии од неговата денешна средба со неговиот француски колега Емануел Макрон на Самитот на НАТО во Мадрид.
– Долг ден во Мадрид. Со претседателот Макрон директно разговаравме за модификациите на францускиот предлог – информира Пендаровски.
Претходно Макрон објави дека е пронајден компромисен договор меѓу Македонија и Бугарија, кој е прифатлив за двете страни.
– Премиерот и претседателот на Бугарија потврдија дека го прифаќаат предлогот. За прифаќање ќе бидат потребни консултации во Скопје. Ова решение носи сигурност, предвидливост и сигурност за надминување на споровите наследени од минатото – додаде Макрон.
Претседателот Пендаровски изјави дека го видел, како што вели, „модифицираниот“ француски предлог и дека тој е „далеку подобар за нас во споредба со претходниот“.