Денешните одлуки донесени од страна на Парламентот и Владата значат поддршка на европската агенда на земјата, напиша на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски.
„Одлуките не беа ниту малку лесни да се донесат, но ќе овозможат деблокада на европските интеграции и спроведување на неопходниот скрининг процес. Сега е потребно и ЕУ да испорача, без одложување“, порача Пендаровски.
За потсетување, 68 пратеници од власта денеска гласаа „за“ францускиот предлог во Собранието, а подоцна Владата го одобри тој предлог.