Денеска претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер од над 60 км/час и град.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе наврне пороен дожд и ќе грми, а во делови од котлината тоа ќе биде во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град.
До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.