More

    Пекинг и делови од северна Кина погодени од рекордно високи температури

    spot_img

    Пекинг и делови од северна Кина се зафатени од рекордно високи температури, властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат да бидат на отворено.

    Опсерваторијата Нанџао во Пекинг првпат трет ден по ред забележа температура над 40 степени Целзиусови, соопшти кинеската метеоролошка управа.

    Во соседната провинција Хебеј и пристанишниот град Тијанџин, температурите исто така достигнаа 40 степени Целзиусови во изминатите неколку дена, поради што властите издадоа „црвено“ предупредување за екстремни временски услови.

    Во кинескиот систем за предупредување за временски услови, црвеното означува најтешки услови.

    Во четвртокот Пекинг го доживеа вториот најтопол ден во историјата со температури кои достигнаа 41,1 Целзиусови степени. Тоа беше и највисоката температура досега забележана во кинескиот главен град во текот на месец јуни.

    Кинеските метеоролози велат дека сегашниот топлотен бран е предизвикан од топли воздушни маси поврзани со гребени со висок притисок во атмосферата.

    И други азиски земји доживеаја топлотни удари во последните недели, за кои научниците тврдат дека се поврзани со климатските промени.

    Властите во Пекинг ги повикаа жителите да избегнуваат долго вежбање на отворено и да преземат мерки за да се заштитат од сонцето.

    Температурите во Пекинг се очекува да се спуштат до околу 34 степени Целзиусови во понеделник пред повторно да се зголемат од следната недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img