More

    Пекарниците не дистрибуираа леб со замрзната цена, рафтовите за леб утрово се празни

    spot_img

    Иако најавија дека ќе ја чекаат владината одлука за замрзнување на цената на лебот на 33 денари дел од пекарниците уште од денеска не дистрибуираа леб до продавниците.

    Граѓаните револтирани што утрово мораа да купат вчерашен леб, а трговците немаат информација како да постапат бидејќи пекарниците не ги информираа дека нема да добијат свеж леб.

    – Секое утро во 7.30 часот го добиваме лебот, но утрово пекарницата не испорача леб. Се јавија само да кажат дека денеска ќе биде така, а утре не се знае – вели продавачка.

    – Нема ниту стар леб. И ова се случи не оставија без леб иако во изминатиот период ги зголемуваа цените како сакат, а ние купувавме и ги финансиравме. Добија замрзната цена и веднаш, нема леб. На ред е сега владата која најави инспектори, но не ги гледам утрово – вели револтирана скопјанка.

    Трговците веќе ги залепија и цените на белиот и полубелиот леб кои владата вчера ги замрзна на 33 денари.

    Владата вчера ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари и ги запре субвенциите за струјата за прехранбениот сектор. Пекарската индустрија предупреди дека тоа ќе значи запирање на производството на леб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img