Чествувањата во чест на ловороносецот „Григор Прличев“ продолжија денес со панихида на неговиот гроб на која присуствуваше делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, пратениците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, директорот на Библиотеката, но и други функционери. и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.
Беседата на Пејковски предизвика негодување кај одредени од присутните.
„Овој човек на македонсата книжевна сцена и дава безвремено, моќно, достоинствено и волшебно чувство, кое останува запечатено и вкоренето во длабоките дамари на Македонецот. Борејќи се со различните надворешни пропаганди, кои беа водени да го угасат духот на македонецот, да ја запалат неговата крв, да ја сотрат, да уништат се што е македонско. За жал, и тогаш, пак, и сега приказната се повторува. Јас сметам дека трагедијата е во тоа што, врз ровитотомакедоско население, посојано навлегувала таа лоша, зла крв, кој се обидува да не однароди, да не одмакедончи, да ни ја сотри македонштината и мисијата на Македонецот. и токму затоа, македонецот мора од памтивек да се биди за своите корени, за својот јазик, за својот национален идентитет, за својата чест и достоинство, за својата чиста Македонска мисла“, истакна меѓудругото Пејковски и додаде:
„Тој силен симболистички јазик од Прличев, може да се почувствува и во „Сердарот“ и во „Скендербег“, но и во неговите есеистички пишувања, во кои секогаш со секое пишување внесуваше и болка и тага и солзи и затоа нивната вредност е бесценета. Секое негово писани, е писание за судбината на Македонецот, тој јавно со таквото писание повикува на бидење на Македонецот, кој постојано е обесправуван и угнетуван.
Прличев беше виновникот без вина, злосторник без злостор, кој со наум со помисла, и со потик водеше црковнонародна и книжевно јазична борба, а неговото возвишено дело беше злосторнички акт за другиот, за туѓинот, за однародениот, за крвниците кои на Македонците им нудеа росптво наспроти слобода. (А таа слика за жал се повторва и сега со актуелната државна власт).
Македонската трагедија е во тоа што вакви храбри луѓе има се помалку. Прличев борбата за Макдонецот ја пишува и ја пресликува и преку гордоста и силата на мајчинството. Крикот на мајката на Кузман, е в сушност крик на мајката на Прличев, во миговите кога тој се наоѓа во Дебарските зандани, а неговата мајка го потсетува, велејќи му: „Ако ми се исплаши – Арам да ти е моето млеко“. И затоа поучени од Прличев јас ќе речам: „Арам да им е млекото на сите предавници на Македонија“, истакна во дел од беседата Пејковски.