Латино ѕвездата Енрике Иглесијас е жешка тема деновиве, и тоа, поради неколку видеа што се појавија на социјалните мрежи, а кои поттекнуваат од неговиот настап во склоп на неговата актуелна светска турнеја „Трилогија“ со Питбул и Рики Мартин.
Три истакнати латино ѕвезди ги здружија силите за да создадат посебен концерт поделен на три дела, во кој секој пејач има посебен дел.
Турнејата го опфаќа северноамериканскиот континент и вклучува 25 концерти. Воедно, оваа турнеја е нивниот прв голем заеднички проект каде што заедно ја делат сцената.
Токму настапот на Енрике предизвика најмногу контроверзии, пред сè, поради видеата на кои се гледа како пејачот се бори со сопствените песни. Серијата погрешно отпеани тонови и непознавањето на стиховите на сопствените песни, заедно со чудната изведба и фактот дека технички гледано, неговите најголеми хитови ги пее публиката, ги натера гледачите и коментарите на социјалните мрежи јавно да ја поддржат тезата дека Енрике всушност не може да пее. Ова не е првпат во кариерата да добива исти обвинувања, но овојпат тешко се наоѓа контрааргумент.
На пример, тврдењето за технички тешкотии беше отстрането кога Рики Мартин излезе на истата сцена и апсолутно ја разнесе публиката. Некој сигурно заборавил да ја вклучи мелодијата на аутотун, беше чест коментар.
За да докажат дека нешто тргнало наопаку, верните обожаватели спремно извадија снимки од минатите турнеи за да докажат дека нивниот миленик во моментот поминува низ некаква криза.
„Штотуку дојдов дома и сакам да ми ги вратат парите за неговиот настап“, „Си ги сакам парите назад“„Дали е ова негов двојник? Што се случи со Енрике?“, „Официјално сум излекувана од љубовта кон Енрике по повеќе од 20 години“, „Не можам ни да замислам како звучи „Hero““, се само дел од коментарите на разочараните фанови.