Веста дека музичарот Момчило Бајагиќ Бајага и неговата сопруга Емилија се разведуваат по 33 години брак, одекна во медиумите ширум регионот.
Иако во текот на кариерата вешто се трудеше да не зборува за приватниот живот, се чинеше дека бракот на познатиот музичар е еден од најхармоничните во јавноста, но се покажа дека сепак не можел да опстане.
Неколку години по разводот, Бајага се впушти во нова романса! Неодамна во изјава за српските медиуми откри дека не е сам, а сега за првпат е „уловен“ со новата партнерка.
Екипата на емисијата „Папарацо лов“ го „улови“ пејачот со црнокоса жена за која велат дека му е нова партнерка. На видеото се гледа како Бајага го поминува денот со неа, а потоа заедно влегуваат во зградата во која таа живее, односно во станот во кој сега живее и пејачот. Судејќи по снимките од папарацо, може да се добие впечаток дека се на слична возраст.
ФОТО: Папарацо лов