Поранешниот член на групата „One Direction“ Лијам Пејн почина во Буенос Аирес на 31-годишна возраст, јавуваат локалните медиуми.
Лијам Пејнпаднал од третиот кат во хотел в о главниот град на Аргентина.
Локалните медиуми јавуваат дека Лиам бил пронајден мртов пред хотелот.
Неколку сведоци рекле дека Пејн паднал од својата соба во хотелот „КасаСур Палермо“ околу 17 часот во средата навечер.
Очевидци тврдат и дека Лиам претходно „се однесувал чудно во лобито на хотелот“. Напоменуваат дека го „скршил лаптопот“.
Неговата последна објава на Снепчат го покажува како среќно позира со својата девојка Кејт Кесиди додека позираат пред огледало.
Фото: EPA Tolga Akmen