Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа и нејзиното ново момче Калум Тарнер биле снимени како разменуваат нежности пред ресторанот „Суши парк“.
Папараците во вторникот го „уловиле“ новопечениот пар ужива во новата романса. Двајцата биле фотографирани како се прегрнуваат и бакнуваат пред суши ресторанот, и со тоа се потврди дека пејачката не тагува по маркантниот Французин Ромејн Гаврас, со кого до неодамна беше во врска.
Облечени лежерно, Дуа и Калум не можеле да ги тргнат рацете еден од друг. Во еден момент актерот цврсто ја прегрнал пејачката пред да ја бакне.
Кратко по раскинувањето со францускиот режисер Ромејн Гаврас, Дуа Липа не седеше мирна, веднаш си најде нов партнер.
Британскиот актер претходно беше во врска со актерката Ванеса Кирби. Од друга страна, Дуа раскина со францускиот режисер во декември минатата година. Според медиумите, причината за нивното раскинување било тоа што Дуа Липа не сакала да ја забави својата кариера поради маж, а тој сметал дека таа премногу работи. Пред францускиот режисер, Дуа беше во врска со братот на сестрите Џиџи и Бела Хадид.
ФОТО: Инстаграм