Младата и успешна пејачка Александра Пријовиќ е една од музичките ѕвезди во регионот која во моментов заработува најмногу пари, а со својата „лута“ машина на четири тркала е фатена како лудува по белградските улици.
Сепак таа парите ги троши промислено и не се луксузира премногу, но тоа не е случај кога е во прашање нејзиниот автомобил, а тоа го докажуваат и снимките на емисијата „Папарацо лов“.
Пејачката била уловена како се вози низ Белград во бесна машина „БМВ Х6“ за кој пејачката издвоила вртоглави 160.000 евра.
Но, папараците од новинарската екипа тврдат дека таа дивеела по улиците на главниот град на Србија, а во повеќе наврати минувала и на црвено светло.
Инаку пејачката во една прилика открила, автомобилот го купила пред две години и сѐ уште не сака да го промени.
Автомобилот наводно е стар четири години и не го паркира на приватен паркинг, туку на јавно место каде што живее.