More

    Пејачката со пријателите од Британија „леташе“ двоглав орел

    spot_img

    Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа се пофали со фотографии од Косово, каде што заедно со семејството, момчето и пријателите пристигнала на фестивалот „Сани Хил“ кој го организира со својот татко.

    Дуа Липа и нејзините пријатели од Велика Британија позираа покажувајќи го симболот за двоглав орел.

     

    „Имам толку многу работи за објавување од изминатите четири дена на „Сани Хил“. Не знам од каде да почнам! Толку сум горда што не можам да опишам. Толку ме радува тоа што гледам во што се претворил овој фестивал. Ме радува да го гледам како расте и станува нешто што никогаш не сме го ни сонувале. Ова го работам заедно со целото свое семејство и со сите од Република еџенси, сите неуморно работеа 24 часа дневно и тоа беше нешто највозбудливо, најубаво, понекогаш и стресно, но и нешто најкорисно во коешто учествувам. Навистина е „потребно село за успех“, а ние тоа го правиме за нашиот град. Им благодарам на сите кои дојдоа, на сите уметници и нивните тимови. Многу сме благодарни“, напиша Липа покрај фотографиите од Приштина.

     

    Но ова е прва посета на Косово за нејзиното момче, актерот Калум Тарнер.

    Потсетуваме, гласините за нивната романса се појавија во јануари на премиерата на серијата „Masters Of The Air“ во која глуми Тарнер. Парот беше виден во јавноста неколкупати, вклучувајќи ја и забавата по доделувањето на наградите на Греми. По излегувањето на нејзиниот албум „Radical Optimism“ во мај, Дуа и Калум беше виден во прошетка низ Њујорк. Тарнер е постар од Липа шест години, а својата актерска кариера ја започнал во 2001 година. Познат е по улогите во серијалот филмови „Фантастична ѕверка“ и филмот на Џорџ Клуни „The Boy in the Boat“, освен со актерство се занимава и со манекенство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img