Пејачката Северина проговори за филмот со порнографска содржина којшто го „раздрма“ цел регион, објави српски Блиц.
Северина во 2004 година се нашла во центар на регионален скандал кога во јавноста се појавило видеото снимано на јахта, а кaко што изјавила во една прилика, таа била убедена дека никој не го гледал филмот.
Тогаш сите зборувале за пејачката, а таа добила поддршка од бројни колеги и пријатели. Сега, говорејќи за своите 30-ти, Северина повторно се осврнала на филмот.
Пејачката порачала дека почетокот на 30-те не бил нималку лесен, како и дека тој период не ѝ останал во убаво сеќавање.
– Таман ја завршив турнејата „Вирујен у те“, но почетокот на моите 30-ти го одбележа тој филм. Најлошо ми беше тоа што мојот класен од средно училиште… како моите професори ќе реагираат. Дури подоцна помислив на мајка ми бидејќи секогаш се подразбираше дека мајката е покрај тебе и дека добро те познава – признала пејачката.
Северина неодамна повторно се нашла во центар на медиумско внимание откако судот во Хрватска ја донесе одлуката дека ѝ се одзема старателството над синот, а потоа следел пресврт.
Во текот на тешкиот период, по првобитната одлука за одземање на старателството, Северина добила огромна поддршка од колегите и од пријателите од цел регион, а видеата од нeјзините настапи во тој период никого не оставиле рамнодушен.