Неда Украден вчера го прослави празникот Свети Архангел Михаил, а таа, како и повеќето традиционално, сака достојано да ја подготви празничната трпеза.
Иако сме навикнати да ја гледаме често средена и дотерана, а освен тоа, готвењето би можела да им го препушти на другите, Неда решила да ги засука ракавите во кујната и како и повеќето домаќинки да се фати за работа.
Многумина знаат дека Неда е одлична готвачка, но за оние кои се сомневаа, пејачката докажа дека сака да ги подготвува најубавите јадења за своите најблиски. Бидејќи ова е славата што ја слави нејзиното семејство, Неда одлучила да направи сарма која, барем според приложеното, очигледно одлично ја прави.
Неда на Инстаграм објави видео како внукот и помага во тоа, што особено ја израдувало.
Неда претходно зборуваше од каде го добила својот талент за готвење:
– И од мама и од тато и од баба и од поранешниот сопруг и од золвите… Ние сме луѓе кои сакаме добро да готвиме и добро да јадеме, а јас сè научив од мајка ми. Најмногу ми се допаѓа медитеранската исхрана – изјавила пејачката.
Иако многумина не можат да разберат како Неда е голем гурман и во исто време изгледа одлично, пејачката тврди дека во голема мера за тоа е заслужна генетиката, но се грижи и за себе.
– Мојот труд и мака. Борбата да не се прејадам и да не јадам работи што не треба да се јадат. И второ, сама правам вежби секој ден – открила таа.