Пејачката пијана ја отпеа американската химна пред полн стадион

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кантри пејачката Ингрид Андрес (32) настапи на дербито Хоум ран на МЛБ во Арлингтон, Тексас, во понеделникот вечерта. Таа ја изведе американската химна, а видеото од нејзиниот настап брзо се прошири низ интернет.

Јасно е дека Ингрид на снимката не пее добро, поради што видеото стана толку популарно. Многумина шпекулираа дека Ингрид дошла пијана да ја пее химната на Соединетите Американски Држави, што таа на крајот и го потврди.

„Нема да ве лажам, синоќа бев пијана“, напиша таа на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер. „Се пријавувам во установа за да ја добијам потребната помош. Тоа синоќа не бев јас. Поради својата изведба, се извинувам на МЛБ, на сите навивачо и на оваа земја којашто толку многу ја сакам. Ќе ве известам како ми е на рехабилитацијата, слушам дека е многу забавно“, додала Ингрид.

 

МЛБ, инаку, е највисокото ниво на професионален бејзбол во САД и Канада. Ниту еден од присутните навивачи на стадионот не сметаше дека е соодветно да се пее американската химна во пијана состојба. Многумина го сметаат за најлошото изведување на националната химна некогаш слушнато пред голем професионален спортски настан.

Пејачката пред самиот настап испрати мејл до американските медиуми во кој го најави својот претстоен сингл Колорадо. Во тој мејл, пишува „Вариети“, таа објаснила дека извесно време била надвор од очите на јавноста бидејќи боледувала од депресија во која се нашла откако раскинала со луѓето кои биле со неа од почетокот на нејзиниот живот. Таа рече дека нашла мир во Колорадо.

Андрес е родена во Саутфилд, Мичиген, а пораснала во Колорадо. Зад себе има два студиски албуми – „Lady Like“ од 2020 година и „Good Person“ од 2022 година. Нејзините два сингла стигнаа на листата на Билборд хот 100 – „More Hearts Than Mine“ и „Wishful Drinking“. Ингради доби четири номинации за Греми во текот на својата кариера, вклучително и една за најдобар нов изведувач во 2021 година.

Share This Article