Британската пејачка Дуа Липа на социјалните мрежи ги споделила впечатоците од доделувањето на наградите Златен глобус што се одржаа во неделата, а едно видео особено остави голем впечаток.
Липа на црвениот тепих на церемонијата се појавила во црн фустан без рамчиња и со златни детали, а истиот бил од брендот „Скиапарели“, па токму ова парче облека ѝ „направило проблем“.
Имено, на видеото кое го споделила на својот инстаграм-профил може да се види нејзиниот обид да седне во неверојатно цврстото парче облека.
„Благодарам за толку прекрасната вечер синоќа“, порачала пејачката во објавата шегувајќи се дека единствено што ѝ недостасувало било лежалка.
Липа присуствувала на доделувањето затоа што за првпат била номинирана и тоа за песната во филмот „Барби“ со наслов „Dance the Night“.
Таа била номинирала во категоријата најдобра песна, но не ја освоила наградата која ја добила Били Ајлиш и песната „What Was I Made For?“ исто така за филмот „Барби“.
Покрај „проблематичниот“ црн фустан Липа носела и ѓердан од 1962 година од архивата на брендот „Тифани енд компани“ и чевли на Џими Чу“.