Пејачката направи пиши-бриши на Инстаграм

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српската пејачка со македонско потекло Тијана Дапчевиќ се огласи на Инстаграм и ја објасни својата изјава за „чичко Дачиќ“ за која беше исвиркана на настан во Белград. Таа вели дека текстот со кој излегла на сцена бил изменет без нејзино знаење, пишува Нова.

Како точно гласеше изјавата на Тијана?

Доделувајќи награди на познати личности за време на 18. роденден на детскиот хор „Чаролија“ Тијана го најави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ како „чичко кој ќе прими плакета за поддршка на проект од своето основање“.

На социјалните мрежи се коментираше дека Тијана со изјавата ја поддржала актуелната власт на Вучиќ во светло на најновите случувања во Србија и протестите на студентите кои бараат одговорност за трагедијата со уривањето натстрешница на Железничката станица во Нови Сад.

 

Тијана се огласи на Инстаграм велејќи:

„Постојат ситуации во кои е излишен секој обид за оправдување, колку и да имате основа за тоа. Случката во неделата е една од таквите ситуации. Многу ми е жал што се случи да излезам на сцена со текст кој беше изменет во последен момент без јас да знам. Уште повеќе ми е жал што тоа беше причина да се помисли дека моите ставови се спротивни на ставовите на оние кои бараат вистинските виновници за смртта на 15 невини луѓе да бидат соодветно казнети. Секогаш сум била и ќе бидам на страната на тоа што е вистинито и прваедно, посебно во момент кога за овие две доблести на човечкиот род се борат нашите потмоци од кои оваа земја ја позајмивме. Слава на Бога“, напиша Тијана.

Потоа пејачката ја избриша објавата и постави слична објава на стори на Инстаграм.

Share This Article