Пејачката Марија Шерифовиќ му плати кирија и сметки на момче од Зеница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пејачката Марија Шерифовиќ го исполни ветувањето и пристигнала во посета на едно момче од Зеница, Мустафа Хрустиќ, за кое се слушна откако беше објавено интервју со него, а во кое се гледа како спие под мост во споменатиот град.

Таа го изненадила Мустафа и го посетила во станот во кој неодамна се вселил, а ветувањето како и секогаш го исполнила и на Мустафа му ја платила киријата за станот за следната година, од крајот на август годинава до крајот на август следната 2024 година.

Покрај киријата, на газдарицата и дала пари и за сметките, исто така за една година.

По посетата на Марија, нејзиниот менаџер го однел Мустафа во блискиот ресторан во неговата родна Зеница, каде што, додека тој ќе сака, ќе има бесплатни оброци – три дневно.

– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници вакви примери, но ако малку му го подобривме и олеснивме животот макар и за момент, па ете и таа една година… – рекла Марија.

Share This Article