Пејачката Леди Гага се сврши со своето долгогодишно момче, технолошкиот претприемач Мајкл Полански.
Иако, Леди Гага сè уште јавно не ја објавила среќната веста, јавноста го откри тоа на интересен начин.
Имено, 38-годишната поп-ѕвезда во видеото на Тик-ток што го сподели францускиот премиер Габриел Атал во неделата на 28 јули, го претставува 46-годишниот претприемач Мајкл Полански како свој „свршеник“.
Леди Гага и Мајкл во моментот престојуваат во Париз, каде пејачката настапи на свеченото отворање на Олимписките игри.
Сето ова доаѓа откако таа го посвети својот настап во Лас Вегас на Полански на почетокот на овој месец, нарекувајќи го „мојот господин“.