Американската пејачка Лана Дел Реј поради својот изглед повторно била мета на критики од бројни корисници на социјалните мрежи.
Папараците ја фотографирале додека уживала со своите пријатели на плажа во Рио де Жанеиро. Набргу на Твитер следеле сурови коментари од нејзините фанови кои сметаат дека таа има проблем со килограмите.
„Зошто себеси си дозволи да изгледа вака?“, „Време е да се доведе во ред. Што се случува со неа?“, „Срамота. Некогаш беше најубавата пејачка“, се само дел од нив.
Пејачката подлегнала и на естетската хирургија, а многумина се убедени дека физичката промена настанала како последица на лошо извршените корекции.
Други, пак, истакнале дека никој не треба да се соочува со такви критики.
Пејачката не се огласила по повод овие коментари и се чини дека воопшто не обрнува внимание на тие кои ја критикуваат без причина.
Лана пред неколку дена, по четири години пауза, одржа концерт. Имено, Лана настапила на фестивалот МИТА во Рио.
ФОТО: Инстаграм/Твитер