Пејачката конечно се појави во јавност по зборувањата дека е оперирана

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во изминатите пет емисии на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ана Бекута отсуствуваше на снимањето, а причина за тоа, како што се шпекулираше, беше нарушеното здравје на пејачката. Таа, наводно, била подложена на итна операција. Здравствената состојба на Ана Бекута сега, судејќи по нејзиното враќање, е стабилна.

– Не сакам да споделувам со медиумите за што се работи, но ситуацијата не е наивна. Ана има сериозни здравствени проблеми. Пред три недели итно беше оперирана во Австрија и се бори за своето здравје – неодамна изјавила за српски „Скандал!“ пријателка на фолк ѕвездата.

Бекута, како што е познато, веќе извесно време не сака да дава изјави за медиумите, па ниту ова не сакаше да ја потврди ниту да ја демантира.

Ана Бекута вчера по повеќе од еден месец отсуство се врати во жирито на „Ѕвездите на Гранд“. На снимањето пристигнала насмеана и расположена, но видно послаба. Сепак, таа не сакала да разговара со новинарите, па не успеале ни да дознаат дали навистина била оперирана или не.

Она што е видливо е дека пејачката пристигнала убава и дотерана, па може да претпоставиме дека се чувствува одлично, а здравјето на Ана Бекута е повеќе од добро.

Иако се зборуваше дека пејачката ќе се врати на деловните обврски дури во мај, се покажа дека тоа не е вистина.

Фотографиите од Ана Бекута можете да ги погледнете на ТУКА.

Share This Article