Американската пејачка Клои Бејли (25) и нејзината сестра, актерката и пејачка Хали Бејли, добиле погрешна нарачка во еден хотел. Наместо веганските хамбургери што ги нарача Клои, тие изеле хамбургери со месо.
– Се јавив да нарачам вегански хамбургер за сестра ми и за мене како и обично. Беше наведено дека е веганско, без путер на лепчињата и слично – рекла Клои во видеото на ТикТок, кое брзо стана вирално.
Клои се туширала кога пристигнале хамбургерите, а кога отишла во собата, нејзината сестра Хали веќе јадела.
– Таа јадеше хамбургер и ме праша: „Дали си сигурна дека е вегански?“ Изеде само неколку залаци и рече: „Ова е навистина добро“ – рекла Клои која и посочила на својата сестра дека земала веганско јадење.
Набрзо сфатила дека донеле погрешна нарачка.
– Завршив со облекувањето, го гризнав хамбургерот и сокот што почна да истекува од него не беше како во веганска плескавица. Веднаш по првиот залак знаев – објаснила Клои, која со сестра си пред повеќе од десет години го исфрлила месото од исхраната.
Таа се јавила во рецепцијата на хотелот за да провери дали нарачале правилен оброк. На крајот дознала дека дошло до забуна и дека нивните хамбургери не биле вегански. Потоа испила цело шише сок.
– Веднаш полудев. Хали ми се смееше затоа што плачев – изјавила пејачката, која предизвикала сочувствување кај своите колеги и обожаватели.
„Оправдано е нејзиното плачење поради тоа“, „Понекогаш е тешко да се воочи разлика“, „Ако вложам десет години во нешто и некој друг го загрози, би бил бесен“, и напишале обожавателите на Клои.