More

    Пејачката го обвини дека абортирала поради него

    spot_img

    Поп принцезата Бритни Спирс му се извини на своето поранешно момче Џастин Тимберлејк за она што го напишала во своите мемоари „Жената во мене“ (The Woman In Me), пишува „Дејли мејл“.

    Славната двојка беше заедно од 1999 до 2002 година, а пејачката направи крена голема прашина со објавувањето на своите мемоари минатата година. Имено, Спирс напиша дека пејачот побарал да абортира кога останала бремена и дека ја направил да изгледа како „блудница што му го скршила срцето на златното момче на Америка“ кога раскинале.

    Пејачката вчера на својот Инстаграм напиша дека ѝ е жал ако повредила некого со своите мемоари, па ги пофали новите песни на Тимберлејк.

    „Сакам да се извинам за некои работи што ги напишав во мојата книга. Ако навредив некого, луѓето кои ми значат, многу ми е жал. Исто така, сакав да кажам дека ја обожавам новата песна на Џастин Тимберлејк „Selfish““, напишала Бритни.

    Нејзините обожаватели минатата недела ја вратија нејзината песна под ист назив „Selfish“ од 2011 година на топ листите, откако Тимберлејк објави нов сингл со истото име. Во мемоарите „Жената во мене“ (The Woman In Me), Спирс го критикува пејачот дека „изградил кариера“ на наративот дека таа му го скршила срцето, а се осврнала и н спотот за големиот хит на Тимберлејк „Cry Me A River“, во кој пејачот употреби нејзина двојничка која во спотот го изневерува, поради што Бритни беше оцрнета по нивното раскинување..

    „Чувствував дека во тоа време нема начин да ја раскажам својата страна на приказната. Не можев да објаснам бидејќи знаев дека никој нема да застане на моја страна откако Џастин го убеди светот во неговата верзија. Мислам дека Џастин не ја сфаќаше моќта што ја имаше срамувајќи ме“, напишала таа во своите мемоари.

    Таа исто така објаснила дека абортирала бидејќи Тимберлејк не бил подготвен да стане татко.

    „Тој рече дека не сме подготвени да имаме дете во нашите животи, дека сме премногу млади. Сигурна сум дека луѓето ќе ме мразат поради ова, но јас се согласив со тоа“, пишува во книгата во која Спирс го обвини Тимберлејк дека ја изневерувал додека биле заедно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img