Британската пејачка Дуа Липа се сврши, одекна веста денеска во светските медиуми. Како што пишуваат странските медиуми, Дуа Липа за Божиќ се свршила со актерот Калум Тарнер, а нивниот нов љубовен чекор го откри фотографија на Дуа Липа со свршениќки прстен на раката.
Иако сè уште ништо не е потврдено и никаде ја немаат објавено оваа среќна вест, обожавателите веќе им честитаат и ја слават нивната љубов.
Калум и Дуа веќе некое време објавуваат вљубени фотографии и снимки од својата врска, а пет години постариот актер „никогаш не изгледал посреќен“ како што коментираат на мрежите.
Близок инсајдер изјави за британски „Сан“ дека и двајцата се толку вљубени и „знаат дека ова ќе трае вечно“.
„Дуа и Калум се многу заљубени и знаат дека ова е засекогаш. Тие се свршени и не можат да бидат посреќни. Дуа ја имаше една од најдобрите години во нејзината професионална кариера и ова е шлаг на тортата. Калум е силен поддржувач на Дуа и тие се прекрасен пар. Нивните семејства и пријатели се многу среќни за сите нив“, рече изворот, според „Дејли мејл“.