More

    Бритни Спирс и Сем Ашгари се разделуваат по 14 месеци брак – Ашгари се заканува дека ќе објави срамни детали за Бритни ако не му плати

    spot_img

    Пејачката Бритни Спирс и Сем Ашгари се разделуваат по 14 месеци брак, дознаваат странските медиуми. Но, се чини дека разводот нема да помине без проблеми. Порталот „Пејџ сикс“ пишува дека Сем Ашгари сака да извлече пари од Бритни.

    Извор за тој медиум тврди дека Сем бара од Бритни да му исплати повеќе отколку што бара нивниот предбрачен договор, а доколку не го стори тоа, тој се заканува дека ќе ги открие нејзините тајни на сите.

    „Тој се обидува да преговара за отстапки надвор од предбрачниот договор и се заканува дека ќе излезе во јавноста со крајно непријатни информации за Бритни доколку не му се плати“, вели изворот.

    „Тоа е уцена и никогаш нема да се случи. Сите пари што ги заработила пред венчавката се заштитени“, рекол изворот.

    Двојката се запозна во 2016 година, а се венчаа во јуни минатата година. Разделбата, наводно, дошла откако Сем се соочил со Бритни за гласините дека таа го изневерувала.

    Не се знае дали гласините се вистинити, но Сем им поверувал и силно се скарале, изјавил извор за порталот  ТМЗ. Сем наводно се иселил од нивната куќа и сега живее во свој стан. Странските медиуми пишуваат дека Сем веќе поднел барање за развод од Бритни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img