Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, 57 – годишен маж пријавил дека на 27.01.2024 во автобус на Јавно претпријатие Скопје, на подрачје на општина Аеродром во Скопје, едно повозрасно машко лице ја допирало по телото неговата малолетна ќерка, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.