More

    Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале да живеат во странство

    spot_img

    Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале да живеат во странство.

    Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала.

    Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24.

    – Значи на ниво на ОпштинаШтип тоа се вкупно 50 ученици, кои веќе нема да посетуваат настава. Инаку да кажеме од Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ имаме пријавено отсуство, меѓутоа таму родители сѐ уште не образложиле зошто децата не посетуваат настава, таа бројка е некаде околу 25 ученици и да се надеваме дека ова второ полугодие тие ќе продолжат со наставата, ќе се вратат во училишните клупи и редовно ќе ја завршат учебната година – изјави Санева.
    Таа посочува дека нема училиште кое посебно отскокнува, односно бројот на заминати ученици во странство во ова второ полугодие се движи од 7 до 10 ученици во секое училиште во Штип.

    Лани наставата во второ полугодие не ја почнаа 81 ученик, односно нивните родители побараа исписници за заминување во странство.

    Санева истакна дека од денеска нормално се одвива наставата во сите основни и средни училишта во Штип, функционира јавниот градски превоз, а училниците се затоплени за нормално одвивање на наставата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img