На социјалните мрежи кружи веста за ненадејната смрт на светиниколчанецот Зоран Ангеловски во Германија, а како што објавија Македонци кои живеат таму, починатиот живеел сам, нема роднини во Македонија, па затоа потребна е финансиска помош од 3.000 евра за да се пренесе телото во Свети Николе.
„Почитувани, сакаме да ве известиме дека на 22.07.2024, ненадејно почина наш сограѓанин Зоран Ангеловски, роден 25.10.1974. Бидејќи човекот живеел сам во Карлсфелд, С.Р Германија и немал фамилија овде потребни се средства во висина од 3.000 евра за превоз на покојниот за Свети Николе, Македонија, за да биде таму погребан. Ќе ве замолиме, доколку сте во можност, да помогнеме покојниот да се врати доле, објавено е на страната на МПЦ „Св. Тројца“ – Минхен.
Zhivko Mitev
DE68 7004 0045 0542 1052 00
Verwendungszweck: Transport Verstorbener Zoran Angelovski
„Се работи за сметка на неговиот другар тука во Минхен кој ќе се погрижи за целата работа околу транспортот. Слободно контактирајте го човекот на следниот број: 0152 22740665 Благодариме! Бог да го прости и нека го прими во Царството Небесно, Амин!“, наведено е во објавата.