Пазарниот инспекторат издал две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот Фејсбук профил и најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.
– Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите) – вели Трајковски.
Директорот на ДПИ во својата објава на Фејсбук порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите.