More

    Павлова смета дека растот на цените носи дополнителен ризик

    spot_img

    Две петтини од претпријатијата биле привремено затворени за време на ковид-19, додека 70 проценти од нив доживеале намалена ликвидност или достапност на проток на готовина и тешко е да се замисли што ќе се случеше доколку политичките интервенции на локално и меѓународно ниво не беа толку поддржувачки, оценува потпретседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова. Според неа, поради војната во Украина, многу е веројатно дека ценовните притисоци ќе бидат поупорни и повисоки од претходно предвидените.

    – Севкупно, беа спречени големи стечаи, а компаниите, банките и домаќинствата можеа да го надминат овој огромен шок. Директна последица на овие активности беше зголемувањето на јавниот долг. Со оглед на новата трагична ситуација во Украина, важно е да се зачува насочената поддршка на политиката, особено за најранливите групи. Битно е од една страна да се заштитат луѓето со пониски приходи, кои трошат поголем дел од својот буџет за храна и енергија, а од друга страна и компаниите коишто директно или индиректно се повеќе погодени од шокот, особено повеќе извозно ориентираните и иновативните фирми. Конечно, одреден број бегалци кои ќе бараат засолниште во регионот треба да бидат добредојдени и заштитени. Секако, како што шокот слабее, ќе биде потребен јасен пат на фискална консолидација, во согласност со препораките од нашите партнери – вели Павлова во интервју за МИА пред нејзиното доаѓање во Македонија на одбележувањето на 30-годишнината од монетарното осамостојување на земјава.

    На прашањето за растот на инфлацијата која достигна 8,8 проценти, Павлова вели дека шокот од војната во Украина главно ќе се пренесе преку повисоките цени на суровините во Македонија.

    – Покрај ценовните ефекти, некои земји од Западен Балкан, на пример, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, можат дополнително да бидат погодени, бидејќи голем дел од нивната енергетска мешавина се базира на гас, што главно доаѓа од Русија. Друг важен канал е трговијата, каде што иновативните и побрзо растечките фирми најверојатно ќе бидат повеќе погодени. Конечно, приходите од туризмот од Русија се релевантен извор на приход, особено за Црна Гора – нагласува Павлова.

    Таа оценува дека шокот генериран од војната во Украина има потенцијал да му нанесе значаен удар на долгоочекуваното закрепнување по пандемијата и затоа, како што смета, меѓународните финансиски институции и влади треба да бидат подготвени да дејствуваат уште посилно доколку е потребно.

    Претставничката на Европската инвестициска банка порачува дека ќе се продолжи со поддршка на развојот на ефикасна, безбедна и разновидна енергетска мрежа, поодржлива транспортна мрежа и капацитети за отпадни води, како и друга инфраструктура отпорна на климатските промени или којашто придонесува за нивно ублажување како и енергетската ефикасност на приватниот сектор.

    На прашањето како ја оценува монетарната стабилноста на Македонија Павлова вели:

    „Дозволете ми најпрво да им честитам на властите што постигнаа макроекономска стабилност во последните години. Последните години беа особено предизвикувачки и Северна Македонија несомнено постигна значителен напредок и се покажа како сигурен партнер на ЕУ на Западен Балкан. Очигледно е дека Северна Македонија постигна постојан напредок во забрзувањето на реформите, што е потврдено со добивањето поволни позиции во Светските индикатори за управување, кои се претежно над регионалниот просек. Сепак, земјата би имала значителна корист од структурните реформи, усогласувањето на институционалната рамка со стандардите на ЕУ и зајакнувањето на капацитетите за управување со проекти, што би можело да резултира со повисоки приливи на капитал и подобра деловна клима.

    ЕИБ продолжи да ја поддржува земјата со инвестирање 156 милиони евра од почетокот на пандемијата во 2020 година, достигнувајќи околу 1,1 милијарда евра заеми до денес, доделени на сите главни сектори во земјата. Покрај нашата постојана финансиска поддршка, ќе им помогнеме на нашите локални партнери да ја зголемат нивната ефикасност и експертиза за управување со проектите, што значи да ја подобрат нивната способност за пристап до средствата достапни според Економскиот и инвестициски план и другите финансиски инструменти на ЕУ.

    Ова е резултат на нашата силна соработка со македонската влада, Националната банка за развој и другите локални институции и нашата посветеност да го забрзаме одржливиот раст“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img