Павлов вели дека целиот негов живот покажува дека е бугарски просветител

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Прогласувањето на Јоаким Крчовски за „прв просветител на Македонија“ е антиисториско и не одговара на вистината, тврди бугарскиот историчар Пламен Павлов во интервку за БГНЕС .

Павлов, во интервјуто, се повикува на самиот Крчовски, кој како што тврди,  велел дека пишувал на наједноставен бугарски јазик за да им биде поразбирлив на луѓето, бегајќи од т.н. стара бугарска норма.

– Целото негово творештво и целиот негов живот покажува дека се работи за бугарски просветител. Самиот Осоговски манастир, пак, секогаш бил центар на бугарската духовност не само во регионот на Крива Паланка, туку и во целиот регион на Ќустендил – вели Павлов.

Според него, ова не е прв ваков случај на кражба.

-Пред неколку години МПЦ го канонизираше монахот Кирил Пејчинович, а сега и Јоаким Крчовски. И двајцата биле бугарски преродбеници, слични на епископот Софрониј Врачански. Разликата е што Крчовски и Пејчинович ја „надминале“ територијата на денешна Македонија и „зафатиле“ и други бугарски земји во западните бугарски територии- тврди историчарот.

Тој смета дека оваа постапка е доказ дека во Македонската православна црква преовладуваат сили кои се против дијалогот со Бугарската православна црква и особено со Бугарија.

Павлов ги повикува Бугарија и БПЦ да реагираат на ваквите кражби на историјата и додава дека БПЦ не треба да го остави нивното културно и духовно наследство во туѓи раце.

– Во овој случај во рацете на МПЦ која дејствува како туѓа црква. Всушност, се работи за две цркви – БПЦ и МПЦ, кои се наследнички на иста црква – Црквата на Првото бугарско кралство. Бугарската патријаршија има категоричен став дека е наследник на бугарската средновековна црква на целата нејзина етничка територија и дека е наследник и на Бугарската егзархија. Во исто време, гледаме дека ги остава личностите како Пејчиновиќ и Карчовски, кои се нашиот духовен капитал, на туѓи институции – вели Павлов.

Македонизацијата на Јоаким Карчовски – достоен Бугарин и претставник на бугарската преродба, тој ја опишува како трагичен чин.

Според него, со оваа постапка МПЦ ги крши исконските правила на моралот и на самата христијанска вера.

За да се избегнат кражбите и навлегувањето во бугарското историско минато, Павлов предлага активно да се дејствува и ја повика БПЦ да ги канонизира браќата Миладиновци како маченици за верата и бугарштината.

- Advertisement -
Ad image

-Тие навистина имаат маченичка смрт. Но, не се канонизирани со образложение дека ќе се иритира Вселенската патријаршија. Тоа се неодржливи тврдења – вели Павлов.

Share This Article