Павле Трајанов-Ќе подржиме влада доколку се почитува соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта и во другите институции

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во седиштето на владејачката СДСМ во тек е средба со коалициските партнери на која се разговара за евентуално проширување на владината коалиција, а во контекст на постигнување парламентарно мнозинство за уставни измени.

Разговорите ги води генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, а меѓу присутните се и лидерите на НСДП, ДОМ и на Демократски сојуз, Горан Мисовски, Маја Морачанин и Павле Трајанов.

На средбата не присуствува премиерот Димитар Ковачевски, кој беше на седница на Советот за безбедност во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Лидерот на ДС, Павле Трајанов рече дека Влада, реконструкција на Влада ќе поддржат доколку се почитува амандман 6 од Уставот.

– Ставот на ДС, и мојот став како претседател на партија е јасен. Влада, реконструкција на Влада ќе поддржиме доколку се почитува амандман 6 од Уставот. Тоа е соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта и во другите институции. Доколку се отстапува тоа начело, тогаш нема да поддржиме реконструкција на Владата – изјави Трајанов.

Пред состанокот претседателката на ДОМ, Маја Морачанин изјави дека досега немале никаков разговор, ниту некои конкретни информации, освен ова што беше споделувано во медиумите.

– Сакам прво да ги слушнам информациите, што се планира, која е целта на евентуално зголемување на мнозинството, што тоа ќе значи и во однос на програмата и во однос на кадровските решенија, и се разбира она што е важно за ДОМ, ние сакаме да ги наметнеме прашањата и темите коишто се важни за нас да бидат реализирани – изјави Морачанин.

Претходно денеска дел од коалициските партии од власта за МИА потврдија дека премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ.

Ковачевски денеска порано во изјава за новинарите рече дека разговарал и оти и денеска ќе разговара со добар дел од коалициските партнери во однос на, како што вели, темите што се значајни за работењето на Владата, а се од интерес за граѓаните, како што е продолжувањето на европскиот пат на земјата.

- Advertisement -
Ad image

Претходно денеска, премиерот присуствуваше на седницата на Советот за безбедност кој го свика претседателот Стево Пендаровски и го сподели неговиот став дека „европската агенда е наша стратешка цел, нема да дозволиме ништо да ја загрози“. Главна тема на состанокот биле случувањата со Бугарија, но и ситуацијата на Косово и во Украина.

Share This Article