Данска и Германија почнуваат да го градат најголемиот подморски тунел кој треба да биде завршен до 2029 година.
Таканаречениот тунел „Фемарн појас“ (Fehmarnbelt) ќе биде долг 18 километри и ќе го скрати патувањето меѓу двете земји за 130 километри.
Ова сообраќајно поврзување меѓу двете земји ќе се состои од делови од тунелот кои ќе бидат потопени во Балтичкото Море, односно нема да има дупчење под морското дно.
Врската меѓу германскиот остров Фемарн и данскиот остров Лоланд ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.
EPA-EFE/Mads Claus Rasmussen