More

    Патувањето е полесно со апликацијата MyPeugeot

    spot_img

    Поврзани информациски системи PEUGEOT i-Connect® и PEUGEOT i-Connect® Advanced. Системот PEUGEOT i-Connect® овозможува сеопфатно и брзо поврзување на паметниот телефон со возилото, благодарение на функцијата за пресликување (Apple CarPlay/Android Auto). Технолошкото искуство е комплетно со PEUGEOT i-Connect® Advanced, кој исто така е опремен со TomTom поврзана навигација со високи перформанси. Системските ажурирања се вршат „преку воздух“.

    Безжичното поврзување со Apple Car Play и Android Auto значи дека содржината на паметниот телефон сега може да се прикаже на централниот екран.

    Безжичниот полнач за паметни телефони сега се наоѓа на централната конзола во предниот дел на новиот E-TRAVELLER.

    Повеќе приклучоци. Новиот E-TRAVELLER има два USB-C приклучоци на контролната табла, два USB-C приклучоци во вториот ред седишта и два приклучоци од 12V.

    УСЛУГИ ЗА ПОДДРШКА КОН КЛИЕНТИТЕ НА Е-TRAVELLER

    Преку решението „Free2move Charge“, PEUGEOT олеснува пристап до различни решенија за полнење:

    Дома или на работа, преку широк асортиман на опрема (армиран штекер, ѕиден полнач, паметн ѕиден понач,…), дијагностика за проценка на електричната инсталација што треба да се обезбеди и најдоброто решение за полнење, како и финална инсталација, благодарение на препорачаните партнери.

    Јавното полнење преку „Free2Move Charge“, овозможува пристап до мрежа од над 580.000 станици за полнење во Европа.

    Апликацијата за паметни телефони MyPeugeot, додава функции и поврзани услуги на новите електрични возила во гамата на PEUGEOT:

    Понуден е виртуелен Прирачник за одржување.

    Патувањата кои претходно ги имате испланирано, можете преку Вашиот паметен телефон да ги доставите до вградениот систем за навигација. Навигацијата е претходно програмирана за извршување на Вашите говорни инструкции. Со TomTom навигацијата, мапите се ажурираат беспрекорно.

    Наполнете го Вашето возило во времето кога Вам најмногу ви одговара и според достапноста на станиците за полнење. Достапно преку апликацијата „eRoutes“, можете да ја користите оваа услуга и преку функцијата за пресликување на Вашиот систем за навигација.

    Управувајте со централното заклучување на вратите и активирајте ги светлата и/или сирената од далечина.

    Од далечина, секогаш ќе имате можност да стартувате или да закажете стартување на климатизацијата во насока на ладење или греење, но и да го проверите, закажете, стартувате или одложите полнењето на батеријата.

    НОВИОТ PEUGEOT E- TRAVELLER „ALLURE“ СОЗДАДЕН ЗА ТРАНСПОРТ НА ПРОФЕСИОНАЛЦИ

    Поефикасен, поудобен, побезбеден и поелегантен, новиот PEUGEOT E-TRAVELLER ги исполнува барањата за мобилност со нула емисија издувни гасови на професионалните возачи.

    Новиот PEUGEOT E-TRAVELLER е идеален придружник на сите професионалци кои бараат возило способно удобно да превезува поголем број патници и багаж за долги или куси релации.

    Новиот E-TRAVELLER доаѓа во две должини: Стандард (4,98 m) и долга (5,33 m). Неговата висина од 1,90 m значи дека можете да пристапите во повеќето паркиралишта.

    Наменет за професионални превозници на патници (хотели, „шатл“ превоз, такси и тн.), E-TRAVELLER доаѓа со 5 до 9 седишта, во зависност од верзијата, со врвно ниво на удобност. Нивото на опременост VIP овозможува конфигурација како салон со 4 независни седишта свртени едно кон друго, со високо луксузна завршна обработка и опрема (трозонска клима, затемнет стаклен кров и тн.).

    E-TRAVELLER е прилагодлив и практичен, со лизгачки и отстранливи седишта, полици во вториот ред, интегрирани ролетни за сонце и друго. Совршен е и за активности на отворено, благодарение на напредниот Grip Control со Hill assist Descent Control, засилен систем за влечење при управување на површини кои пружаат ниско ниво на отпор  (на пример: песок, кал, снег и тн.).

    E-EXPERT Combi располага со максимум 9 седишта и се одликува со оптимизирана практичност. Оваа врерзија е дизајнирана првенствено за секојдневен транспорт  за здруженија, клубови и тн.

    Тоа што е заедничко за сите верзии на новиот E-TRAVELLER е нивниот обемен внатрешен простор, кој при дизајнирањето не е одземен за сметка на батеријата сместена под подот. Во зависност од конфигурацијата, новиот E-TRAVELLER може да превезува до 9 луѓе со волумен на багажникот до 1.500 литри, 5 луѓе и 3.000 литри волумен на багажниот простор, па дури има и верзија каде волуменот на товарниот простор во багажникот изнесува до 4.900 литри со слободно место за превоз на 2 или 3 лица.

    Надоврзувајќи се на овие фундаментални квалитети, новиот E-TRAVELLER оди чекор напред правејќи го овој модел едноставен за употреба, безбеден и ефикасен.

    „ALLURE“ СОЗДАДЕН ЗА ТРАНСПОРТ НА ПРОФЕСИОНАЛЦИ

    Редизајниран преден дел. E-TRAVELLER го прифаќа новиот изглед на гамата на PEUGEOT, со новиот дизајн на решетката во чиј центар е интегриран новиот амблем на брендот, како и новите Full LED предни светла, култниот потпис на PEUGEOT во форма на 3 лавовски каџи и браник оптимизиран за поголема зааштитата, аеродинамика и ефикасност.

    Целосно нова контролна табла. Дигиталната инструмент табла и големиот централен екран на допир, гарантираат безбедност и практичност при секојдневното возење. Новиот управувач може да биде опремен со систем за греење како опција. Има сè повеќе и поголеми прегради за складирање предмети, особено во горниот предел од контролната табла и на централната конзола. Контролната табла доаѓа и со новата контрола на менувачот e-Toggle, која е практична и компактна.

    Префинетоста на внатрешната завршна обработка е унапредена сосема ново ниво, со нова ткаенина или перфорирана кожа на седиштата (во зависност од верзијата) и нова облога на страничните панели во боја на Liquid Palladium.

    НОВАТА ОПРЕМА ГО ПОДОБРУВА СЕКОЈДНЕВНИОТ КОМФОР И БЕЗБЕДНОСТ ЗА ВОЗАЧОТ И ПАТНИЦИТЕ

    Новата 10“ 100% дигитална инструмент табла во боја, поставена е стандардно кај сите верзии кај новиот E-TRAVELLER. Обезбедува оптимизиран и приспособлив приказ на основните информации, вклучувајќи ги и оние на системот за навигација и информациите поврзани со протокот на енергија и полнењето.

    Нов голем централен екран на допир. Новиот E-TRAVELLER доаѓа со 10“ HD централен екран на допир како стандардна опрема, за контрола на аудио системот и поврзаната навигација. За целосна удобност, гласовниот асистент “OK PEUGEOT“ Ви овозможува да ги контролирате главните функции на природен јазик.

    Целосна палета на системи за помош при возење: предупредување за замор на возачот, препознавање сообраќајни знаци, помош за задржување лента, автоматско сопирање во итни ситуации со детекција на пешаци и велосипедисти, ограничувач на брзина. E-TRAVELLER има придобивки од широката гама на системи за помош при возење, кои се подобрени кај овој нов модел со адаптивен темпомат.

    КОМПЛЕТНА ЕЛЕКТРИЧНА ГАМА СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ И ПРОШИРЕН ОПСЕГ ДО 350 КМ

    Три режими на возење за да одговараат на секојдневните потреби. Новиот E-TRAVELLER е придвижуван од нов поефикасен електричен мотор кој овозможува максимална моќност од 100kW (136КС) и максимален вртежен момент од 260Nm, што гарантира оптимални перформанси од стартување до максималната брзина 130km/h. Достапни се три режими на возење: „Есо“ за да се зголеми опсегот, „Power“ за максимални перформанси при целосно оптоварување и „Normal“.

    Два капацитети на батерии кои овозможуваат опсег до 350km. За да одговори на секоја потреба, новиот E-TRAVELLER овозможува избор од две батерии. Совршено прилагодена за секојдневна употреба во урбаните и приградските населби, батеријата од 50 kWh овозможува опсег до 224km (комбиниран циклус спроед WLTP кој е во процес на одобрување). За оптимална разноврсност на сите видови патувања, батеријата од 75kWh сега овозможува опсег до 350km (комбиниран циклус според WLTP кој во моментов е сертифициран).

    Нов регенеративен систем за сопирање. За да се оптимизира опсегот, новиот E-TRAVELLER располага со нов регенеративен систем за сопирање кој може да се активира на три различни нивоа на регенерација со помош на палки сместени зад управувачот.

    Ефикасно полнење. Со еднофазен вграден полнач од 7,4kW и (како опција) трофазен полнач од 11kW, E-TRAVELLER може ефикасно да се полни без оглед на достапната инфраструктура.

    Процененето време за полнење е како што следува:

    – Од јавна станица за полнење од 100 kW: 38 мин. за батерија од 50 kWh, 45 мин. за батерија од 75 kWh (полнење од 5 до 80%).

    – Од ѕиден полнач од 11 kW: целосно полнење со вграден полнач од 11 kW за 4 часа и 50 минути за батерија од 50 kWh, 7 часа и 30 минути за батерија од 75 kWh.

    – Од ѕиден полнач од 7,4 kW: целосно полнење со вградениот полнач од 7,4 kW за 6 часа и 43 минути за батеријата од 50 kWh, 11 часа и 20 минути за батеријата од 75 kWh.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img