СветТоп Вести Пациентите во северен Израел ќе бидат префрлени во подземни „бункер болници“ By Lorita September 22, 2024 споделување FacebookTwitterWhatsAppViberTelegramLinkedinCopy URL Во услови на зголемени прекугранични ракетни напади од Либан, болниците во северен Израел добија инструкции да ги префрлат пациентите во засолништа, јавија израелските медиуми. Болницата Рамбам во Хаифа, најголемата во регионот, објави дека ќе започне попладнево со преместување на пациентите во својата подземна установа за итни случаи следејќи ги армиските директиви. Таканаречената „бункер болница“ на Рамбам, изградена во 2014 година и лоцирана на повеќе од 16 метри под земја, може да прими до 1.400 пациенти, и војници и цивили, се наведува на нејзината веб-страница. Обично се користи како паркинг, но објектот е зајакнат и против биолошки и хемиски напади. Откако почна војната во Појасот Газа на 7 октомври минатата година меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое е сојузник на Хезболах, речиси секојдневно има воени конфронтации меѓу израелската армија и Хезболах во пограничната област меѓу двете земји. Има загинати на двете страни, повеќето од нив членови на либанската милиција Хезболах. Хезболах вели дека дејствува во солидарност со Хамас. фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI TagsПациентите во северен Израел ќе бидат префрлени во подземни „бункер болници“ споделување FacebookTwitterWhatsAppViberTelegramLinkedinCopy URL претходниот член,Се одржа промоција на „Златен круг на времето“ во ЉубљанаСледната статијаЗдружението „Сакам да работам“ со реакција за групата демонстранти во Струга Протестот под мотото „Или денес или никогаш“ организиран од... Балкан November 26, 2024 Минчев најави големи промени во државната служба Бизнис November 26, 2024 Николоски смета дека е потребно добро сработат со Франција... Македонија November 26, 2024 СВИКAНA ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА... Uncategorized November 26, 2024