На булеварот „Кочо Рацин” во Скопје вчера околу 13 часот автобус на ЈСП управуван од Б.Т.(50) од Скопје за да избегне сообраќајна незгода, нагло запрел, при што во автобусот паднала патничката У.А.(46) од Скопје – информира МВР во својот билтен.
Патничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.